Приватност
Последна измена: 15.10.2026
Кои сме
NewFrame е веб агенција од Охрид, Северна Македонија. Оваа страница објаснува кои податоци ги собираме преку newframe.dev и зошто.
Формата за контакт
Кога ќе ни пишеш, ги добиваме твоето име, е-пошта и порака, како и страницата и копчето од кое ја испрати, и јазикот на сајтот. Ги користиме само за да ти одговориме и да ти подготвиме понуда. Не ги продаваме и не ги споделуваме за маркетинг.
Кој ги обработува
Пораките од формата се доставуваат преку Formspree (Formspree, Inc., САД), кој ни ги препраќа на е-пошта. Сајтот е хостиран на Cloudflare.
Статистика на посети
Бројот на посети го мериме со Cloudflare Web Analytics. Тој не користи колачиња и не зачувува лични податоци за тебе.
Во твојот прелистувач
Сајтот памети само дали избра светла или темна тема и дали веќе ја виде воведната анимација. Тоа останува во твојот прелистувач и не ни се праќа.
Колку долго ги чуваме
Пораките ги чуваме додека е потребно за да ја завршиме комуникацијата или проектот, а потоа ги бришеме.
Твоите права
Според Законот за заштита на личните податоци имаш право да побараш увид, исправка или бришење на твоите податоци — пиши ни преку формата. Можеш да поднесеш и претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци.